Охрид, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По апелот за помош на граѓаните од источните, југоисточните и јужните делови на Македонија, кои се соочуваат со поплавите, охриѓани се мобилизираа и во наредните неколку денови ќе се организираат неколку хуманитарни акции.
Во недела, 8-ми февруари во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи хуманитарен концерт со локални охридски бендови. Концертот е со наслов „Хуманитарен концерт на настраданите од поплавата“.
Ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band, Дамјан Пејчиноски, група Романса, Street Spirit, Betty’s Boobs, Ирма Гогова и Натали Илијоска, во придружба на Виктор Јолакоски и Ангела Николоска.
– Заедно да им помогнеме на оние на кои нашата помош им е повеќе од потребна, порачуваат организаторите и додаваат дека влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива