Избор Струга Хроника

Жена од струшко погодена од заскитан куршум

Струга, 8. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Откако претходно слушнала истрел од огнено оружје, С.А. се пожалила на болка во главата во дворот од семејната куќа во струшко Лабуништа.

Инцидентот се случил синоќа, а било утврдено дека жената била погодена од проектил, по што е пренесена во Медицинскиот сентар Струга.

По прегледот биле констатирани телесни повреди, по што С.А. била пуштена на домашно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука