Минхен, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – ФИБА Европа ги соопшти цените на влезниците за Евробаскетот оваа година за натпреварите од групата Ц, каде покрај Македонија и домаќинот Хрватска се наоѓаат уште и Словенија, Грција, Холандија и Грузија.
Цените се движат од 10 до 33 евра, а шакет влезниците за сите натпревари од групната фаза ќе бидат пуштени во продажба од 16-ти февруари до 14-ти март.
Се очекува македонските кошаркари да имаат огромна поддршка од фановите со оглед на географската близина до Загреб како и популарноста на цените на влезниците. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24