Избор Охрид

Сообраќајна незгода го отежнува сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Охрид/Кичево, 14. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево во близина на аеродромот во Охрид, сообраќајот се одвива отежнато и во колона, соопштија од Авто Мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука