Избор Охрид

Последен ден од пријавување во првиот уписен рок на ФТУ Охрид

Охрид, 14. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес е последниот ден од пријавувањето во првиот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Уписот во првиот рок започна на 12-ти август.

За незапишаните, факултетот ќе спроведе уште два уписни рока, вториот ќе се одржи на 2 и 3 септември, а третиот на 14 септември 2015 година.

Во престојните уписни рокови, право да конкурираат за индекс имат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука