Економија Избор Охрид

Блокирана сметката на „Макпетрол“, аеродромот во Охрид е можно да остане без млазно гориво

Скопје/Охрид, 16. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Блокираната сметка на компанијата „Макпетрол“ се заканува да предизвика сериозна енергетска криза во државата.

Во моментов на бензиските станици на „Макпетрол“, кои сочинуваат 60 отсто од пазарот во земјава, има залихи на нафтени деривати доволни само за наредните пет дена.

Доколку остане ваква состојбата, за една недела е можно без млазно гориво ќе остане, покрај скопскиот и аеродромот во Охрид, со оглед на тоа што „Макпетрол“ е единствен снабдувач со керозин во Република Македонија. (Крај)

извор: Р.С. Европа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави