Охрид

Акција за проверка на здравјето на децата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Охрид, 19. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток и петок, на 20-ти и 21-ви август, во објектот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ (Централна градинка), во периодот од 09:00 до 12:00 часот, мобилна екипа од Центарот за јавно здравје од Охрид ќе зема брис од грло и нос на дечињата кои престојуваат во градинката.

– За регуларно спроведување на оваа акција, треба да се приложат следните потребни документи: Упат од матичен лекар, не постар од 30 дена, важечка здравствена легитимација и 80 денари за партиципација, информираат од градинката од каде додаваат дека соработката со Центарот за јавно здравје од Охрид има за цел да се олеснат дел од обврските на родителите кои произлегуваат при уписот на децата во предучилишната установа.

– Подетални информации во врска со акцијаta, родителите можат да добијат во градинката или на телефонот 046/511-989, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави