ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Подај рака ТОП ВЕСТИ

„Подај рака“ на OhridPress

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска стартуваме нов сегмент на OhridPress, во насока да им се помогне на оние на кои тоа им и најпотребно.

Во „Подај рака“ ќе ги објавуваме сите повици за помош на оние на кои тоа им е најпотребно, помош за медицински зафати, помош за оние на кои им е потребна храна, материјални средства и сите оние на кои заеднички можеме да им подадеме рака.

Банерот ќе излегува на секоја објавена вест, што значи дека ќе стигнува до близу 15 илјади читатели дневно.

Испратете ни информација ако знаете дека некој има потреба од помош на маил адресата: contact@ohridpress.com.mk.

Да подадеме рака заедно…

Ваш OhridPress…

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука