Избор Охрид

За три дена ќе се знае како ќе се исплаќа долгот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 23. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Предлог Одлуката за исплата на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија ќе се најде на дневен ред на наредната седница на Советот на Општина Охрид закажана за 26-ти август.

Советниците ќе треба да дадат мислење и за начинот на организирање на екскурзиите и слободните активности во основните училишта.

На дневен ред ќе бидат и извештаите за работа на општинските одделенија. Советниците ќе расправаат и по неколку точки од урбанистичката сфера кои се однесуваат на вклопување на бесправно изградени објекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави