Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Слободен печат: Мајка од Охрид седи пред училницата на нејзиниот аутистичен син, нов асистент не му даваат!

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Магдалена Милевска од Охрид, мајка на дете кое има аутизам, мора да седи пред училницата во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид и да чува стража, затоа што образовниот асистент кој му е доделен на ученикот не знае како да се постави кон него.

Милевска за „Слободен печат“ вели дека со месеци е принудена да не работи иако е програмер, затоа што постојано мора да биде во училиштето со синот, кој нема никакви придобивки од тоа што му е назначен образовен асистент и целиот товар и грижа повторно паѓа на неа.

– На крајот на учебната година го најдов син ми пуштен во дворот од училиштето без патики и без јакна. Образовниот асистент дозволува да излезе надвор од училница и да прави што сака. Во ноември тој имаше процедура со матични клетки, поради што асистентката беше предупредена дека не смее детето да излезе надвор на ладното. Ја толерирав една недела и наредно побарав инструкции од Ресурсниот центар во Битола кој е нејзин работодавец да ми кажат како да постапам. Им доставив записници за тоа дека со мојот син има инциденти, дека бега од училницата и излегува во дворот, оди во спортската сала, турка еден огромен душек. Едноставно немаше никаква ефикасност од асистентот во образовниот процес, изјави за „Слободен печат“ мајката на детето, Милевска.

Таа испратила барање во Ресурсниот центар да биде променет образовниот асистент за нејзиниот син, но одговор уште нема. Се пожалила и до Народниот правобранител.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Мирослава Симоновска/Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука