Култура Струга

Книжевни промоции на македонската поетска продукција на СВП

Струга, 25. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на неофицијалниот дел на Струшките вечери на поезијата, денеска од 10:00 до 21:00 часот на Саемот на книга во Струга ќе има книжевни промоции на македонската поетска продукција, а ќе се одржи и Трибина посветена на книжевноста за деца.

На летната сцена на „Домот на поезијата“ со почеток во 21:00 часот ќе има проекции на поетски филмови во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија.

Официјалниот дел од програмата на поетскиот фестивал започнува утре. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави