Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Охрид поради бесправно градење

Охрид, 12. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР-Охрид поднесе кривична пријава против лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој на катарстарска парцела во Охрид, извршил градба на индивидуална станбена куќа за која немал соодветна документација, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука