Забава Избор

Hozier го претстави своето ново EP „Unheard“

Охрид, 17. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпочитуваните кантавтори и омилен текстописец на новата генерација, Hozier го претставува своето EP „Unheard“ кое открива досега необјавени приказни преку четири песни кои носат автентичен звук на акустичната гитара на уметникот, како и текстови кои тематски следат од албумот „Unreal Unearth“.

– Задоволство ми е што конечно издадам повеќе дела кои беа создадени во исто време со мојот претходен албум, но не стигнаа да се објават на оригиналното издание. Станува збор за песни кои концептуално би припаѓале во делот од албумот кој го претставува првиот круг на пеколот, откри Hozier.

Познатиот 34-годишен ирски уметник Andrew John Hozier-Byrne на слушателите ширум светот им е познат преку глобалниот хит „Take Me To Church“, а музичарот особено се истакна и со хит-синглот „Work Song“ од 2014 година, чии романтични текстови ги освоија срцата на женската публика.

Пејачот на слушателите го претстави својот трет студиски албум „Unreal Unearth“ во август минатата година по речиси четири години пауза, а новите нумери се вистинско уживање за сите љубители на неговиот автентичен израз.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука