Забава Избор

Васил Хаџиманов Бенд вечерва во Скопје ќе го претстави новиот албум „Keyf“

Охрид, 17. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, вечерва во МНТ Скопје ќе го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Keyf“.

Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.


Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука