Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Што да се јаде навечер за добар сон

Охрид, 17. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иако е широко распространето мислењето дека не треба да се јаде навечер, сепак некои видови храна можат да го подобрат сонот и да не направат мирни, а наутро да се разбудиме наспиени и енергични.

Банани

Комбинацијата од триптофан, јаглехидрати и магнезиум ги прави луѓето поспани и можат лесно да заспијат.

Интегрални бисквити со путер од кикирики

Ова е уште една магична комбинација (триптофан + сложени јаглехидрати), која гарантира добра дремка.

Чаша топло млеко

Децата често пред спиење пијат млеко. Благодарение на состојките триптофан, калциум и магнезиум се заспива подобро. Може да се додаде и малку цимет или мед.

Сендвич со мисиркино месо

Доколку сте имале полесен ручек, за вечера може малку пченкарен леб (богат со комплексни јагленохидрати и магнезиум) и неколку парчиња мисиркино месо.

Јаболка со мед и бадеми

Оваа комбинација дава дополнителна доза смиреност, особено ако кон неа се додаде чај од нане или камилица.

Експертите предупредуваат да сме внимателни со количините. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука