Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Работилница за третманите на акутен исхемичен мозочен удар во болницата за кардиоваскуларни заболувања во Охрид

Охрид, 14. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Специјализираната болница за Кардиоваскуларни заболувања – Охрид во соработка Microvention Terumo и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и Општа болница Охрид ќе се одржи еднодневна работилница на тема „Третман на акутен исхемичен мозочен удар“.

На програмата на работилницата, која ќе се одржи во вторник, на 16-ти април 2024 година, свои излагања ќе имаат Elisa Ponzeto, training specialist, Khalid Berdouz, senior marketing menager, д-р Саша Пјевиќ од Универзитетскиот клинички центар во Марибор, Словенија, д-р Маја Божиновска- Смическа од Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид и Доц. д-р Никола Бакрачески од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид.

– Се движиме кон целта, порачуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука