ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Уште еден пожар во објект во комплексот на Градскиот пазар во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 16. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Попладневно, нешто по 17:30 часот, избувна пожар во објект во комплексот на Градскиот пазар.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до пожарот. Во овој ред дуќани има угостителски објект, а во непосредна близина се наоѓа и еден од поголемите маркети и дирекцијата на земјоделската задруга „Горица“.

Охридската противпожарна екипа интервенираше со две возила и работи на комплетно гаснење на пожарот.

 

Уште еден пожар во објект во комплексот на Градскиот пазар

Posted by Охрид Прес on Tuesday, April 16, 2024

На 10-ти март оваа година, во непосредна близина избувна голем пожар во угостителски објект, кој беше скоро комплетно уништен, по што две лица заработија кривични пријави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука