Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Општинскиот фудбалски сојуз доби средства за набавка на нови дресови за седум фудбалски клубови

Охрид, 19. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Програмата за спорт за 2024 година, од буџетот на Општина Охрид беа доделени средства на Општинскиот фудбалски сојуз за набавка на нови дресови за седум фудбалски клубови.

– Денеска остварив работен состанок со претставниците на клубовите на кои им беше предадена новата спортска опрема. На средбата се разговараше за понатамошната соработка на локално ниво и потребните услови за функционирање на клубскиот фудбал во Охрид. Локалната самоуправа, како и до сега ќе продолжи да дава поддршка на спортот, развојот на сите спортски дисциплини и подобрување на спортската инфраструктура, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука