Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ТОП ВЕСТИ

Живот: Вратата против ненаситност во манастирот Alcobaça, која магично согорува масти

Вратата во трпезаријата на манастирот Alcobaça во Португалија е направена така за да ги засрами полничките монаси и да ги потсети да почнат да постат.

– Сметајте дека ги јадете гревовите на луѓето, стои во натписот издлабен над влезот во трпезаријата на овој манастир од 12. век.

Монасите очигледно, освен гревовите на луѓето, сакале да си каснат и друго, па со текот на времето, нивната репутација за „полнички“ луѓе, станала и сериозен проблем.

Патникот од 18-тиот век, William Beckford, ја опишал кујната на манастирот и монасите во неговото дело „Recollections of an Excursion to the Monasteries of Alcobaça and Batalha“:

– Од едната страна многу месо, од другата, зеленчук и овошје во бескрајна разновидност. Надвор од долгата линија шпорети се протегаа ред фурни, а блиску до нив вистински ридови пченично брашно побели од снег, многу шеќер, тегли со најчисто масло и пецива во огромно изобилство, пишува Beckford, кој подоцна и пробал некои од јадењата, заедно со монасите кои секојдневно уживале во ваков „режим“.

Ден по ден, година по година, набргу станало јасно дека нешто мора да се стори, затоа што станувале се’ поголеми и подебели.

Решението го нашле во тоа што вратата за влез во трпезаријата, ја направиле толку тесна, само 32 сантиметри, што можеле да поминат само монасите кои се со витка става. Оние другите, фино пополнетите, биле охрабрувани да постат за што поскоро да можат да поминат и да влезат во трпезаријата.

– Монасите требаше да поминат низ вратата за да си ја земат храната од кујната и да ја донесат во трпезаријата за да јадат, пишува Beckford.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука