Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Преподобен Георгиј Мелетински (Исповедник)

Охрид, 20. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7-ми април, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Преподобен Георгиј Мелетински (Исповедник).

Преподобниот Григориј беше уште едно од светилата што застанаа во одбрана на почитувањето на иконите за време на царувањето на Лав Ерменецот.

Тој ја поднесе истата судбина како и останатите негови едномисленици, односно заради отвореното противење на еретичката волја на императорот беше отстранет од својата епископска катедра во градот Мелетина и протеран на Херсонез.

Таму и го заврши својот земен живот во 816 година.

Тропар

Исповедниче Христов Георгие, јагне смирено, напоено од изворот на бесмртноста, словата твои за верните беа ѕвезда водилка кон Бога, а за противниците меч што сече, излегувајќи од устата на Божјиот слуга. Моли се за нас ти, кој си пофалба на Митилена, под твојот омофор да бидеме ослободени од гревовите. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука