Спорт

Ѓоковиќ најголем фаворит за освојување на US Open

Њујорк, 30.август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше лесна ждрепка за претстојниот US Open.

Противник на Ѓоковиќ во првото коло ќе биде Жоао Соуза, додека во евентуално Четвртфинале би играл со Надал а во полуфинале би се сретнал со Кеи Нишикори.

Србинот го избегна делот од ждребот во кој се наоѓаат поголемиот дел од неговите големи ривали како што Федерер, Мареј, Бердих и Вавринка.

Отвореното првенство на САД започнува утре на 31-ви август.(Крај)

извор:Спорт ТА фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави