Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи Велигденски базар на плоштадот „Крушевска Република“

Охрид, 30. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“, денеска го организираат традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.

Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата, предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“, КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

– На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења. Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука