Избор Охрид

Посебна комисија во Охрид ќе се грижи за заштита на пациентите

Охрид, 30. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за здравствена заштита локалните самоуправи во државава имаат обврска да формираат Комисии за унапредување и заштита на правата на пациентите.

Во Охрид ова тело ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови на здруженија на пациенти, пензионирани и искусни лекари како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.

– Општина Охрид, покрај тоа што ќе ја исполни законската обврска ќе овозможи пациентите, доколку се соочат со некаков проблем во рамки на здравствените установи, да има на кого да се обратат, и од кого да добијат прецизни информации за постапката што следува понатака, велат од општината.

Комисијата ќе ја сочинуваат девет членови кои ќе имаат обврска да се грижат за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, да разгледуваат поплаки, да предлагаат мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, но и да подготвуваат извештаи за заштитата на правата на пациентите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави