Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Велигденски базар на плоштадот „Крушевска Република“

Охрид, 30. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар“, денеска на плоштадот „Крушевска Република“ се одржа традиционалниот „Велигденски базар“.

Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата, се одржа и богата културно-уметничка програма на која настапија КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“, КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот зедоа учество повеќе заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења.

Велигденскиот базар и оваа година имаше хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука