Избор Култура ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Grand Prix за хорот од ОУ „Братство Единство“ на Државниот натпревар во Скопје

Охрид, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден голем успех за училишниот мултиетнички хор од ОУ „Братство Единство“, под раководство на наставникот Бурим Хидри.

На Државниот натпревар што се одржа во Скопје освои Grand Prix, со вкупно 99 поени, со што повторно беа прогласени за најдобри во Македонија.

На денешниот државен натпревар нашиот мултиетничкиот хор под раководство на наставникот Бурим Хидри со 99 поени освои Grand Prix.
🎶🎼🎵🥇Повторно најдобри, честитки за учениците од трите наставни јазици и наставникот, горди сме на вас 🎉🎉🎉

Posted by ОУ„Братство Единство“-Охрид on Saturday, May 11, 2024

Училишниот хор претходно освои најмногу бодови (98) на Регионалниот натпревар, а неколку солисти обезбедија учество на натпреварот за вокални солисти,што ќе се оддржи на 15-ти мај во Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Бурим Хидри

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука