Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Здравје: Лимон за прочистување на организмот од премногу храна

Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Покрај бројните здравствени ефекти кои ги има лимонот, неговото консумирање се препорачува и за прочистување на организмот доколку единката внела премногу храна.

Се вели дека сок од свежо исцеден лимон е идеален за период во кој има многу празници, се јаде пообилно и почесто од вообичаено, но и за подобрување на сетилата за вкус. Освен во чај, лимонот може да се консумира и исцеден во чаша со млака вода, без додавање на шеќер. Природната лимонада придонесува за прочистување на организмот, зголемување на имунитетот и слабеење. Лимонот делува антибактериски, а лимонска киселина има толку многу корисни својства за организмот, па луѓето треба да се навикнуваат да го користат почесто во секојдневниот живот како додаток на храна или пијалок.

Некои интересни факти за лимонот: Името доаѓа од азиски зборови, кои значат „кисел плод“. Се смета дека за првпат се одгледувале лимони на Медитеранот. Едно здраво дрво лимон може да раѓа по 600 килограми лимони за година. Калифорнија и Аризона произведуваат 95% од целата светска жетва на лимони. Има приближно петнаесет калории во секој лимон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука