Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Виното „Билјана Станушина“ на Monastery Winery освои сребрен медал од Здружението на македонски семејни винарии

Охрид, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Виното „Билјана Станушина“ на винаријата Monastery Winery од Охрид од освои сребрен медал од Здружението на македонски семејни винарии.

– Возбудливи вести. Винаријата Monastery Winery го освои сребрениот медал од Здружението на македонски семејни винарии за нашето вино Станушина, Билјана. Оваа награда не исполнува со гордост и мотивација да продолжиме да правиме неверојатни вина, порачаа од Monastery Winery.

Тие испратија огромна благодарност до здружението што ја препознало нивната напорна работа.

– Да подигнеме чаша за повеќе успеси пред нас. На здравје, потенцираат од Monastery Winery.

Своевремено, охридската Be1 Digital Marketing изработи промо видео за приказната на Monastery Winery.

Погледнете.

Приказната на Мonastery Winery започна во 2019 година, кога после години правење и дегустација, добивање комплименти и пофалби, решиле да ги споделат нивните вина со светот. Основачи на винаријата се Филип Василески, Стефан Кочоски и Димче Ѓорѓиески. При производството, велат, слушаат и оставаат виното да им каже што му треба. И секоја година, дури и секое буре, има свој пресврт и приказна. Monastery Winery се наоѓа на 10 километри од Охрид во селото Опеница, во охридското виногорје, кое е едно од оние со огромен потенцијал, но сé уште недоволно истражено. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука