Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Продолжува реконструкцијата на регионалниот пат Охрид-Св. Наум

Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека е во тек рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, на делницата Охрид-Свети Наум е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Во пресрет на летната сезона, продолжува реконструкцијата на регионалниот пат , која започна на 24-ти октомври 2023 година. Деновиве се асфалтира потегот кај исклучувањето на патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“.


Читателите на OhridPress бараат итно да се среди овој патен правец и потсетуваат на бројните ветувања, стари и повеќе од десет години за проширување на оваа делница. Овој патен правец е во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука