Спорт

Ф1: Маса и Ботас и наредната сезона ќе возат за Вилијамс

Оксфордшир, 4. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ф1 тимот на Вилијамс објави дека и во наредната сезона за оваа екипа ќе возат Фелипе Маса и Валтери Ботас. Наредната сезона ќе биде трета во која Бразилецот и Финецот ќе бидат тимски партнери, и ќе биде 15-та за Маса, а петта за Ботас во првенството на Формула 1.

Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи викендов со трката за ГН на Италија, која ќе се вози на легендарната патека во Монца.

По 11 трки во шампионатот тимот на Вилијамс се наоѓа на третото место во пласманот на конструктори, додека кај возачите Маса е петти, а Ботас шести. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука