Избор Охрид

Македонските пензионери и в година ќе одмараат бесплатно во Охрид

Охрид, 7.септември 2915 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов викендов ги посети пензионерите кои преку проектот на Министерството престојуваа на бесплатен викенд во Охрид, при што соопшти дека е објавен и повикот за бесплатен туристички викенд за наредната година.

Тој истакна дека оваа година преку овој проект три илјади пензионери веќе ја користат услугата бесплатен викенд.

Деновиве беше објавен и јавниот повик за бесплатна бањско-климатска рекреација за 5.500 пензионери, што значи дека околу 8.500 пензионирани лица идната година ќе можат бесплатно да одмараат во некои од домашните туристички и бањски центри.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави