Спорт

Минимален пораз на македонските фудбалери

Скопје, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Шпанија со 0-1 во мечот од осмото квалификациско коло, во групата Ц, за пласман на Европското првенство.

Црвената фурија славеше со голот на Хуан Мата во осмата минута за кој најзаслужен е нашиот голман Пачоски со несмасната интервенција.

Оваа победа на Шпанија и обезбеди пласман на ЕП во Франција наредната година додека Македонија остана закована на последното место во групата. И селекцијата на Австрија по победата над Шведска во Стокхолм со 1-4 си обезбеди учество на Евромундијалот. (Крај)

MakSPanija 2

извор: Спорт ТА фото: TA

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука