Македонија го заврши учеството на Евробаскетот
Загреб, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Заврши првата рунда од 40-то Европско првенство, кое за прв пат во историјата се играше во четири држави. Натпреварите од осминафиналето ќе се играат во Лил,Франција.
Кошаркарската репрезентација на Македонија го заврши своето учество на ЕП откако вчера загуби од Словенија со 51-62.Фазата по групи без пораз ја завршија Франција, Србија и Грција, додека без победа шампионатот го заврши само селекцијата на Исланд.
Осминафиналните дуели ќе се одиграат викендов:
Сабота, 12.септември:
Франција-Турција
Словенија-Летонија
Шпанија-Полска
Грција-Белгија
Недела, 13.септември:
Србија-Финска
Хрватска-Чешка
Израел-Италија
Литванија-Грузија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |