Избор Охрид

Охрид на второ место по наврнати количини дожд

Охрид, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 29 литри дожд на метар квадратен.

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија – 54 литри воден талог на метар квадратен, а веднаш по Гевгелија е Охрид.

Од УХМР за вчеравечер беше најавен пороен дожд, особено во источните делови на земјата. Се очекува врнежите да бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а до крајот на денот врнежите ќе се преместат кон источните делови и ќе има услови за пороен дожд со ретки грмежи. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави