Спорт

US Open: Полуфиналните дуели кај дамите одложени поради дожд

Њу Јорк, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полуфиналните мечеви во женска конкуренција кои требаше да се одиграат синоќа на US Open беа одложени поради дожд и ќе се играат денеска.

Бранителката на титулата Серена Вилијамс ќе игра против Роберта Винчи, додека Симона Халеп за противничка ја има Флавија Пенета.

По завршувањето на полуфиналните дуели кај дамите ќе се играат полуфиналињата во машкиот сингл, првиот носител Новак Ѓоковиќ за противник го има бранителот на титулата Марин Чилиќ, додека во швајцарското полуфинале ќе играат Роџер Федерер против Станислас Вавринка. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука