Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Спотот за песната „Нема ден, нема ноќ“, на македонскиот пејач Влатко Лозановски, кој го изработи охридскиот режисер Даниел Јовески, на музичкиот канал YouTube веќе има 2 милиони прегледи.
– Многу ми е мило што мојот „втор милион“ на прегледи на спот, овој пат го делам заедно со мојот драг пријател и фантастичен вокал, Влатко Лозановски. За реализацијата на спотот имавме одлична соработка пред 3 години, вели охриѓанецот Јовески.
Спотот беше официјално пуштен на пазарот на 18-ти мај 2012 година. Позади спотот стои продукциската куќа „План Б продукција“ а снимањето, режијата и мастерингот се реализираше во музичкото и фото студио на Јовески, Sustain Entertainment.
Спотот исто така се снимаше на неколку локации во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
https://www.youtube.com/watch?v=1c_4TocDXK4&feature=youtu.be