Спорт

Ракометарите на Фуксе Берлин светски прваци

Доха, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Фуксе Берлин се победници на светското клупско првенство „Супер глоуб 2015“  кое се одржуваше во Доха.

Во финалето германскиот тим по две продолженија го победи Веспрем со 28-27 , откако во регуланиот дел натпреварот заврши со 24-24. Победниците покрај пехарот добија и парична награда од 400.000 долари,

По две титули во низа изминатите две години на „Супер глоуб“, Барселона оваа година го освои третото место.Во малото финале европскиот првак славеше против австралискиот Сиднеј Университи со 30-20.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука