Спорт

Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Давид Де Геа

Лондон, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што соопшти „Sky Sports“ управата на Манчестер Јунајтед започнала преговори за нов договор со голманот Давид Де Геа.

Неговиот актуелен договор истекува на крајот на сезоната, па после пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид првите луѓе од „Олд Трафорд“ не сакаат да го продадат без обештетување.

Управата се надева дека ќе го убедат Де Геа да потпише нов петгодишен договор со неделна плата од 200.000 фунти. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави