Струга, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните кои сакаат да му помогнат на настраданото население во поплавите во Македонија, можат да донираат парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија, апелира Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга.
Таа појаснува дека е собрано огромно количество средства за хигиена и пакети со вода за пиење, а населението од поплавените региони има потреба и од друга помош.
– Бидејќи е собрано големо количество вода за пиење и средства за хигиена што ги покрива потребите на населението што е поплавено, апелирам до сите заинтересирани правни субјекти и граѓани, дополнително да се вклучат и со обезбедување на парична помош преку донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400, вели секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: aрхива