Скопје, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска жителите на Скопје почувствуваа земјотрес.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, ноќеска во 02 часот и 56 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 100 км западно од Скопје, во соседна Албанија.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван северозападните делови од Републиката со интензитет од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22