Здравје Струга

Струга домаќин на педијатрите од регионот

Струга, 16.септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Струга од осми до 11.октомври ќе биде домаќин на Шестиот конгрес на педијатрите на Република Македонија.

Организатор на овој собир кој ќе биде од интернационален карактер е Здружението на педијатри на Македонија.

Ќе се дискутира за разни актуелни теми од областа на педијатријата.Учесниците ќе дискутираат за примарната педијатрија-превенција, за интензивна нега и терапија, за развојна неврологија, за дијагноза и третман на ретки болести, за пулмоалергологија и имунологија, како и на други мошне актуелни теми од областа на здравствената заштита на децата. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука