Избор Охрид

Рекордни температури во Охрид за септември

Охрид, 19. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Топлотниот бран кој донесе висока температура изминатите денови во Охрид, кулминираше вчера и постави нови рекорди на апсолутната максимална температура за месец септември.

Иако Охрид не се најде во најкритичната прва група на највисоки измерени температурни разлики за септември, сепак, со вчерашните измерени 29,1 степени, припадна на втората ризична група на места во Македонија.

Минатиот топлотен бран го донесе рекордот воопошто измерен во Македонија од кога се мери температурата, 39,7°С во Демир Капија, на 6 септември, а постави нови максимуми во Штип и Скопје. (Крај)

извор: МетеоПро/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави