Одложено минирањето кај патот Кичево-Охрид
Охрид, 22. септември 2015 (ИНПРЕС) – Одложени се за денеска планираните градежни активности со минирање на патот Кичево-Охрид, кај планинскиот премин Пресека – село Врбјани, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради планираното минирање АМСМ претходно најави прекини во сообраќајот на патот Охрид – Кичево. Сообраќајот на овој патен правец се одвива без прекини. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |