Утре ќе има тричасовен прекин на вода на улицата „7-ми Ноември“
Охрид, 22.септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека утре,среда, 23- ти септември поради менување на шибери во кругот на „ Кам Маркет” на улица „ 7-ми Ноември“ ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улица „ 7-ми Ноември“.
Без вода ќе бидат корисниците кои живеат на потегот од раскрсницата со улицата „Егејска“ до старата бензиска во период од 08:00 до 11:00 часот.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |