Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид најубав ТОП ВЕСТИ

Две години ОХРИД Најубав на Facebook: 730 дена и 730 прекрасни фотографии од најубавиот Охрид

Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат две години или полни 730 дена во кои Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.

– Полни две години се зад нас, изминаа 730 дена во кои секојдневно објавивувавме дневни фотографии од нашиот преубав Охрид. Станува збор за повеќе локации во централното градско подрачје, кое и најчесто е посетувано од туристите. Идејата е да им понудиме „дневна доза“ на сите на кои им недостасува Охрид, без оглед на тоа дали потекнуваат од градот и живеат или работат на други места во земјата и светот, или едноставно им е паднат „Охридинот“ во крвта, потенцираат од „Охрид најубав“.

Додаваат дека фотографиите се без непотребни ретуширања и коментари и дека идејата е да се долови оној едноставен и секогаш преубав Охрид, во целата негова убавина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука