Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид најубав ТОП ВЕСТИ

Трите Горици, охридски убавици – Горица 1, 2 и 3 (Видео)

Охрид, 21. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ова се локациите кои се омилени за многу генерации охриѓани, места каде се склопувале пријателства, се раѓале љубови, се дружеле и уживале во водите на Охридското Езеро.

Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav која секојдневно објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, денеска објави видео од трите Горици – охридски убавици – плажите „Горица 1, 2 и 3“.

Како и секогаш, градот блеска со својата безвременска убавина, а според многумина, токму септември е месецот кога е најубав за посета, со многу помалку посетители, мирен и прекрасен.

Повелете во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Охрид најубав

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука