Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени со Covid-19 во септември, минатата недела регистрирани нови 64 позитивни случаи

Скопје/Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека месецов е зголемен бројот на заболени со Covid-19.

Во периодот од 16-ти до 22-ри септември регистрирани се 64 нови позитивни случаи што е зголемување од 12,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица од девет градови. Најголем дел се од Скопје, а нависока инциденца е регистрирана во Пехчево.

– Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 69 лица. Во текот на минатата недела пријавено е едно починато лице асоцирано со Covid-19, од Тетово, од возрасната група над 65 години. Лицето е вакцинирано со 2 дози против Covid-19, поминати 3 години од последната доза на вакцина, со регистрирани коморбидитети. Позитивното лице е починато во болнички услови, информираат од ИЈЗ.

Во текот на годинава, регистрирани се вкупно 1.624 заболени и 21 починато лице, додека од појавата на првиот случај на Covid-19 во земјава, пријавени се вкупно 251.940 заболени и 10.000 починати лица асоцирани со Covid-19.

– Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Битола и Куманово, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка, соопштуваат од ИЈЗ. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука