Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средношколците денеска ќе даруваат крв во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година.

Под мотото „Дарувај крв, дарувај живот“, денеска во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се одржи средношколска крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“.

– Гимназијалци. Ве покануваме на крводарителска акција во просториите на гимназијата каде ќе можете да ја даруваат својата скапоцена течност и да станете нечиј херој. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно, порачаа од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука