Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

„Театар Хит“ со претставата „Младиот Чорбаџија“ вечерва ќе гостува во Охрид

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, денес на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 18:30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Чорбаџија“ во изведба на актерите од „Театар Хит“ од Скопје.

– Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста, етичките и моралните вредности се само дел од пораките кои се настојува да се пренесат до најмладите, информираат организаторите.

Играат актерите: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов и Ема Давчева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука