Охрид/Струга, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти септември 2024 година, од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнало 72-годишно лице од Белгија.
– Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид-Струга (Вевчани)-Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 39