Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Овес за појадок е добра идеја, ќе изгубите на тежина и ќе го намалите шеќерот во крвта

Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Треба да го намалиме внесот на јаглени хидрати ако сакаме да изгубиме тежина и да го контролираме нивото на шеќер во крвта. Но, една нова студија од Германија открива дека одредени јаглени хидрати всушност можат да ви помогнат да изгубите тежина, додека го одржувате нивото на шеќер во здрав опсег.

Според истражувачите кои ја спровеле студијата, зголемената телесна тежина, отпорноста на инсулин и дијабетесот тип 2 се тесно поврзани.

– Вишокот телесна тежина значително придонесува за развој и прогресија на дијабетес тип 2 и доведува до намален одговор на инсулин, што резултира со намалено лачење на инсулин од панкреасот, се вели во студијата објавена во август 2024 година во Journal of Clinical Medicine.

Покрај тоа, истражувачите истакнуваат дека прекумерната тежина придонесува и за отпорност на инсулин, што е поврзано со проблеми со високиот крвен притисок и холестеролот.

Овесот – сојузник во борбата против дијабетесот и вишокот килограми

Истражувачите проучувале како јадењето овес може да влијае на нивото на инсулин, губење на тежината и да го намали ризикот од дијабетес. Според резултатите од студијата, јадењето овес се смета за корисна форма на диетална интервенција, особено кај луѓето кои имаат слабо контролиран дијабетес тип 2.

– Бета-глуканот, растворливото влакно присутно во овесот, може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза и холестерол, нагласуваат истражувачите.

Овеснот се воведува лесно во секојдневната исхрана

Добра вест е дека повеќето од учесниците во студијата немаа проблем да се придржуваат до планот за исхрана кој вклучуваше редовна конзумација на овес во период од три месеци. Тоа значи дека овесот може да биде едноставен и практичен начин за подобрување на вашето здравје.

Иако истражувачите забележуваат дека многу луѓе со дијабетес или преддијабетес сè уште имаат потреба од лекови, промените во животниот стил – како што се здрава исхрана и зголемување на физичката активност – се клучни за управување со отпорност на инсулин. Со други зборови, оние на кои им е дијагностициран дијабетес, како и оние кои се изложени на ризик, може да го подобрат здравјето со правилна исхрана и вежбање во комбинација со лекови препишани од нивниот лекар.

Ако сакате да ја контролирате вашата тежина и шеќерот во крвта во исто време, јадењето овес може да биде лесен начин за тоа.

Сепак, пред да направите какви било промени во исхраната, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука